Интересни факти

5 знаци поради кои треба да отстапите како основач на вашата компанија

author
Леви Кинг, извршен директор и еден од основачите на Нав, го сподели своето искуство и знаци кои го натераа да одлучи да се повлече од функцијата извршен директор.

Ваквите одлуки и потези не се донесуваат преку ноќ, тие се резултат на долгорочно разгледување, мерење на предностите и недостатоците и не треба да се пристапи лесно.
Леви Кинг вели: „Мојата мотивација за оставка беше лична за мене и се надевам дека ќе пишам за тоа подетално еден ден затоа што со новата улога имам повеќе време да погледнам и да се осврнам назад“.
Во меѓувреме, тој сподели со нас 5 главни причини зошто би било мудро за еден извршен директор да се повлече.

1. Се трошите на тоа што е хитно, а не што е важно

Еден од симптомите што покажува дека ја губите контролата врз вашиот бизнис е ако имате само време за итни задачи и никогаш не можете да се фокусирате на она што е важно.
Ова се случува ако немате ефективен систем и ви недостасуваат вистинските луѓе да смислат како да го подобрат.

2. Сте ја изгубиле страста за вашата улога

Можеби ќе дојде ден кога ќе престанете да уживате во работата на извршниот директор, кога едноставно ќе ја изгубите својата страст кон постојаните променливи барања што таа улога ги носи. Ова не значи дека сте ја изгубиле страста кон вашата компанија, но вие сте само подготвени да се развивате во друга улога во неа.
Промената на улоги може да ја задржи вашата оригинална страст жива и активна.

3. Вашиот бизнис ги надминува вашите можности

Ако сте толку добри во вашата работа, дојдовте до тој степен што треба да си дадете отказ за да може бизнисот да продолжи да цвета. Фактот дека вашето „бебе“ на некој начин ве надминало е огромен комплимент.
Само затоа што вашата компанија ве надмина во улогата на извршен директор, не значи дека не можете да продолжите да ги вложите срцето и душата во неа во една сосема нова улога.

4. Вашата анксиозност достигнува незабележителни нивоа

„Во последно време сум пишувал многу за вознемиреноста затоа што открив дека прекумерниот стрес сериозно ја спречува мојата способност да се реализирам како извршен директор. Благодарение на одличен тренер, научив начини како да се справам со тоа, па дури и да го претворам во моја сила.“, вели Леви Кинг.
Не е срамота да признаете како годините како управувач ве истрошиле и дека е време да ги наполните батериите.

5. Ја губите контролата врз компанијата заради лошите одлуки

Понекогаш можете да бидете толку вклучени во бизнисот што целосно ќе ја изгубите контролата врз компанијата. Може да станете одговорни за создавање средина во која веќе не сте толку способни да водите како што некогаш сте биле.
Ако ископате дупка што е премногу длабока за да можете повторно да се повлечете, време е да продолжите понатаму.
Која и да е причината да се откажете од кормилото, прифатете го како нов почеток и нов предизвик. 

Прочитајте повеќе тука: Entrepreneur Europe

Извор на слики: Unsplash, Pexels

менаџеруправувањеизвршен директорконтролаАнксиозностгубење на контролапроменабизнис

Мобилна апликација PickJobs

Преземете ја бесплатната апликација за мобилни телефони PickJobs на вашиот Android или iOS уред, преку Google Play Store или App Store и добијте пристап до каде било, во кое било време.