Трагичната смрт на Коби Брајант, неговата ќерка Џиен и уште седум други, го остави целиот свет во шок и неверување.
Не само љубителите на кошарката останаа длабоко потресени од овој ужасен настан, туку милиони луѓе низ целата планета кои најдоа мотивација и глад за успех во неговата личност и наследство.
Можеме да научиме многу од неговата неверојатно успешна кариера, затоа прочитајте го најважното.
“Мамба” менталитет
Тој беше познат по прекарот „Црна Мамба“, кој самиот си го даде, откако, како што вели, наишол на животна фаза на стагнација од која барал излез, а тоа го нашол во менталитетот на победник.
Никогаш не се откажал од своите цели, тој бил силно посветен на играта и ја усовршувал, така да ја знаел вредноста на дисциплината и етичката работа.
Одржување на стандардот
Неговиот перфекционизам во голема мера помогна да се задржи стандардот на извонредност за кој се стремеше, и не го криеше тоа од неговите соиграчи, напротив, им даваше до знаење кога сметаше дека нивното ниво е незадоволително.
Мрзеливост, испуштање и откажување не постоеше во неговиот речник.
Страв од неуспех
„Ако се плашите од неуспех, тогаш веројатно нема да успеете“ - една од најважните лекции што можеме да ја научиме од Коби Брајант.
Стравот е универзален и добро познато чувство, кој убил повеќе соништа отколку што се реализирале или започнале.
Не бидете еден од нив, искористете го стравот што ви шепнува дека не можете да направите нешто затоа што не сте доволно добри и претворете го во ваша сила.
Важноста на моделите
Коби ја знаеше вредноста на добар ментор и пример на патот кон успехот.
Многу пати изјавил дека инспирацијата да стане се подобар ја наоѓал во Мајкл Џордан, чии натпревари, движења и потези ќе ги проучувал со часови.
Ова чувство на конкуренција и желба да се постигнат идеалите го натераа понатаму кон пробивање на сопствените граници на можностите.
Извор на слики: Pexels, Unsplash