Студиите сугерираат дека прекумерната работа е поврзана со голем број здравствени проблеми, вклучувајќи хроничен стрес, недостаток на сон, злоупотреба на разни супстанци, па дури и депресија.
Еден од очигледните знаци на работо-холичар е ако не можете да ги одвоите мислите од работа дури и откако ќе заминете од канцеларијата. За работо-холичарите, работата ги преокупира повеќето од нивните мисли и влијае на приватните, меѓучовечки односи.
Прочитајте во продолжение повеќе за неколку совети што можат да ви помогнат ако се идентификувате со групата на работо-холичари.
Не можете секогаш да им угодувате на сите
Ако мислите дека постојаното и прекумерно прилагодување кон другите ќе ве направи успешни, сетете се на долгорочниот резултат што веројатно ќе се појави, а тоа е исцрпеност и разочарување.
Започнете со испитување на вашите способности за давање, обрнете внимание на вашите емоции, желби и постапки. Кога сте транспарентни кон себе и кон другите за тоа што можете и не можете да направите, тоа ќе ве направи попродуктивни и ќе го зачувате здравиот разум.
Пронајдете смисла надвор од вашата работа
Како што веќе споменавме, многумина од нас го посветуваат животот на работа затоа што чувството на задоволство кое го поврзуваме со успехот ни носи огромно задоволство.
Забавно е да се биде креативен и да решаваш проблеми, а на крајот на денот да се наградуваме со пофалби, напредок во работното опкружување, но и на лично ниво. Но, важно е да имате креативен и исполнет живот надвор од работното опкружување.
Земете одмор (пауза)
Понекогаш е потребно „ресетирање“ за подобрување на перформансите и квалитетот на работата. Одвојте 10 минути на ден за себе и за вашето ментално здравје.
Одделете се од светот и другите било со медитација, слушање музика или користење на друга техника што најмногу ви одговара.
Променете ги ситните навики
Намалувањето на зависноста од работа не е само промена на начинот на размислување, тоа исто така бара промени во некои воспоставени навики што е секогаш потежок дел од процесот.
На пример, ако им покажете на колегите, менаџерот и клиентите дека сте достапни после работното време, одговарајќи на повици или проверувајќи ја е-поштата за време на викендите, вие поставувате преседан. Размислете за тоа како вашите дневни навики се одразуваат на вашето однесување и концентрирајте се на нивно поправање.
Воведете ритуали
Како што го започнувате утрото, таков ќе биде и остатокот од денот. Ако ја проверите е-поштата пред да станете од кревет, вие сте на работа пред дури и да одите во канцеларијата. Одредете го утринскиот и вечерниот ритуал што нема никаква врска со работата и деловното опкружување. Обидете се да не ги прескокнете, туку да ги направите секојдневна рутина што ќе биде ваша оаза на мирот. Со текот на времето, ќе добиете чувство за поголема контрола врз вашиот живот и ќе ви биде полесно да прифатите нови предизвици.
Запрашувајте се што навистина ви е важно во животот
Na kraju svega, kako provodite svoje vrijeme oblikuje vaš život i vaše vrijednosti. Ako želite nadvladati svoju ovisnost o poslu, zapitajte se zašto želite smanjiti svoju ovisnost i kakve povlastice će vam to donijeti? Kako se želite osjećati? Za što želite živjeti? S kime želite provoditi više vremena? Ne zaboravite, vrijeme za sebe ultimativno je važno za postizanje kvalitete života.
Извор на слика: Pexels