Интересни факти

Одлики на добар менаџер

author
Кои се квалитетите на добар менаџер? За жал, не постои единствен одговор на ова сложено прашање, туку зависи од многу фактори: видот на работата, целите, улогите, вработените итн.

Многу студии покажале интересен факт, односно сознанието дека техничката вештина е многу помалку важна отколку што претпоставуваат луѓето.
Она што беше многу поважно за управителите беа вештините на емоционална интелигенција, способноста да ги разберат и контролираат емоциите, како сопствените така и на другите.

Запознајте се со некои од одликите на добар менаџер:

1. Е добар тренер
Наместо да го решава секој проблем веднаш штом ќе се појави, најдобрите менаџери ги користат проблемите како можности за учење.
2. Ги мотивира луѓето
Одличните менаџери им даваат на луѓето слобода да истражуваат идеи, да преземаат паметни ризици и да учат од грешките.
3. Е одговорен
Превзема одговорност за своите постапки и за постапките на своите вработени.
4. Е продуктивен и ориентиран кон резултати
Вистинскиот менаџер води со примери и не се плаши да ги навива ракавите и да им помогне на своите вработени, и на крајот на краиштата ова го мотивира остатокот од неговиот тим да напредува.
5. Е емпатичен
Најдобрите менаџери се одлични слушатели. Ова им помага подобро да го разберат својот тим и со тоа да покажат соодветна емпатија.

6. Се развива
Одличните менаџери секогаш бараат нови знаења за да се подобрат себе си и нивниот бизнис.
7. Имаат јасна визија
Одличните менаџери знаат точно во која фаза е проектот, како напредуваат неговите луѓе и со какви препреки се соочуваат. Преку добра комуникација тој му помага на тимот и е вклучен во процесите.
8. Делегира со поверение, не со страв
Здравата работна околина се заснова на доверба што носи стабилност во бизнисот.
9. Соработува ефикасно
Најдобрите менаџери секогаш гледаат на поголемата слика, работаат во корист на компанијата како целина и со нивниот пример ги охрабруваат другите да го сторат истото.
10. Подготвен е да донесе важни одлуки
Одличните менаџери не се импулсивни, но се одлучни.

Откако ќе се запознаат со фактите и внимателно ќе ги разгледаат, тие одат напред
- дури и ако е потребна одлука што не секој ќе ја одобри но на крајот ќе се посветат на истата.

Извор на слики: Unsplash, Pexels

менаџеремпатијасоцијални вештинидонесување одлукиДовербаПродуктивностразвојтренервизијамотивација

Мобилна апликација PickJobs

Преземете ја бесплатната апликација за мобилни телефони PickJobs на вашиот Android или iOS уред, преку Google Play Store или App Store и добијте пристап до каде било, во кое било време.