Се чувствувате како да е време за нова работа, но не само тоа, започнувате да се прашувате дали е време да се премине во една цела нова индустрија? Не толку брзо.
Како прво, запрашајте се кои се вистинските причини за незадоволството и дали можете да си дозволите транзиција.
Меѓучовечките односи
Ако вашиот извор на незадоволство лежи во сегашната компанија, можеби не е време за промена во кариерата, туку за едноставна промена на работното место.
Квалитетната комуникација е основата на задоволството во работата и недостатокот на истата може да влијае на размислувањето за бизнисот со кој се занимавате.
Пред да се одлучите за радикални потези, размислете внимателно за причината за вашето незадоволство и дали има некаква врска со сегашната компанија, или дали е скриена во целата индустрија во која работите.
Работа
Знаете за тие утра кога одењето на работа ви се чини како најголема казна? Дали ова ви се случува често и дали размислувате со спазам на лицето за работата што ве чека?
Дури и во најудобните работни околини, ако ги мразите вашите должности, тоа е сигурен знак дека ви треба промена, и тоа брза. Пред да донесете драстична одлука за промена на активности, можеби ќе ви требаат поголеми предизвици, затоа застанете и размислете пред да одлучите да ја смените насоката во кариерата.
Финансии
Што ако нешто неочекувано се случи во вашата нова кариера?
Финансиската стабилност е важен сегмент при донесување на одлуки за промени и за време на самата транзиција. Градењето или додавањето на постојниот фонд за итни случаи ќе помогне во ублажување на стресот и грижите за започнување на нова кариера.
Добро правило е да заштедите три до шест месеци животни трошоци. Додека овој совет е нешто стандардно, обидете се да си дадете малку простор за дишење, само во случај вашата транзиција да оди според планираното.
Извор на слики: Pixabay