Интересни факти

Важноста на комуникациските вештини

author
Поседувањето силни комуникациски вештини ќе ви помогне во секоја фаза од животот, а исто така и на работното место. Развиените комуникациски вештини ги инспирираат другите и создаваат јасни насоки и очекувања од работата.

Затоа, ефективната комуникација е клучна интерперсонална вештина и учењето како да ја подобрите вашата комуникација има голем број придобивки.
Сепак, на многу луѓе им е тешко да знаат од каде да започнат.
Постојат многу совети, трикови и техники за подобрување на комуникациските вештини, а ние ви носиме неколку од најважните:

Размислете пред да зборувате

Можеби звучи едноставно, но размислувањето пред да зборувате е од големо значење а лесно се се заборава во секојдневниот живот.
Пред да кажете нешто што носи тежина, размислете - дали е корисно, точно и неопходно?
Ако одговорот на овие три прашања не е потребен, тогаш веројатно не треба да го комуницирате. Понекогаш изговорените работи не можат да се корегираат или избришат, затоа подобро е да бидете внимателни и да ги контролирате мислите за да не изгорите мостови.

Невербална комуникација

Постојат многу студии и истражувања кои ја откриваат важноста на невербалната комуникација.
Една студија откри дека невербалната комуникација сочинува повеќе од половина од начинот на кој публиката го перцепира говорникот. Ова значи дека повеќето од она што го зборувате се комуницира преку говорот на телото.
Кога комуницирате, избегнувајте потпирање, преклопување на рацете, внимавајте да одржувате контакт со очите.

Научете се да слушате

Сите имаме тенденција да заборавиме дека комуникацијата е двонасочен процес. За правилно да комуницираме, треба да го слушнеме одговорот.
Многу пати, наместо активно слушање, однапред размислуваме што ќе кажеме следно и со тоа губиме фокус.
Правилното слушање значи да се посвети целосно внимание на лицето што зборува и навистина да се концентрираме на вербалната и невербалната содржината. Подобрувањето на вашите вештини за слушање веројатно ќе се исплати со подобрувањето на односите на работа и дома. 

Извор на слики: Unsplash, Pexels

Комуникацијаневербална комуникацијаслушањевештиниконтакттехникасовети

Мобилна апликација PickJobs

Преземете ја бесплатната апликација за мобилни телефони PickJobs на вашиот Android или iOS уред, преку Google Play Store или App Store и добијте пристап до каде било, во кое било време.