Вести за лицата кои бараат работа

Ако интервјуто за работа е преку интернет, сепак треба да вложите напор, еве за што треба да размислите

author
Комуникацијата преку интернет е исто толку важна како и комуникацијата во живо, бидејќи работодавачот, без разлика за која работа аплицирате, обрнува внимание на деталите за кои можеби не сте свесни, а тоа може да влијае на впечатокот што ќе го оставите врз него.

Во денешно време, кога голем дел од комуникацијата е префрлена на интернет-светот, нема да биде невообичаено идниот работодавец да ве замоли да направите интервју преку Интернет. Ако после такво барање ви се чини дека не мора да се вознемирувате воопшто како изгледате и дека ова интервју „можете да го направите од кревет“, е тоа би било грешка.

Еве неколку работи што треба да ги имате предвид ако ве чека интервју за работа преку интернет.
 

1. Изберете ја паметно вашата локација за интервју

Размислете внимателно за локацијата на интервјуто, затоа што разговорот од кујната додека се готви ручекот во позадина може да остави впечаток на несериозност. Исто така, доколку се одлучите за маалско кафуле, проверете дали во позадината не е премногу бучаво и дека нема да ве вознемируваат минувачи или келнер среде разговор. Библиотеките, инкубаторите, па дури и оставата, чајната кујна што е тивка и добро осветлена се подобри избори.

Бидете внимателни на сè што е во позадината на вашиот видео повик, за да не го одвлекува вниманието на лицето што ве интервјуира.

2. Облечете се и подгответе се како да сте со некого во живо

Само затоа што го правите разговорот преку Интернет, не значи дека можете да го направите во пижами или тренерки. Работодавачот ќе очекува исто ниво на сериозност од вас како да е во живо со вас.

3. Обезбедете добра интернет-врска

Овој совет може да важи за сè што може да го попречи разговорот, а меѓу нив е и лошата интернет-врска. Постојано прекинување на врската, одложување на звукот или замрзнување на сликата може да го расеани разговорот, но и вас. Пред да дојде време за видео интервју, тестирајте ја врската со повик на пријател и ставање слушалки. И, се разбира, бидете јасни и гласни за време на разговорот.

4. Подгответе ги потребните документи

Како да сте во интервју во живо, треба да имате молив и хартија за белешки за да ги запишете најважните работи, но и евентуалните прашања што може да ги имате во врска со работодавецот. Држете ја вашата биографија и препораки со вас. Најдобро би било да ги имате истите испечатени затоа што ако ги имате отворени на друг прозорец со видео повик, може да оставите впечаток на несериозност. Не би било лошо да ги затворите сите други прозорци, особено социјалните мрежи..

5. Обрни внимание на контактот со очите

Иако е малку потешко да се одржи контакт со очите кога гледате преку екранот, фокусирајте се на централната точка и следете ја. Истражувањата покажуваат дека луѓето нè сфаќаат многу посериозно ако ги гледаме во очи за време на разговорите. Не дозволи да те мачи нешто около.

Извор на слика: Adobe Stock

интервјупреку ИнтернетКомуникација

Мобилна апликација PickJobs

Преземете ја бесплатната апликација за мобилни телефони PickJobs на вашиот Android или iOS уред, преку Google Play Store или App Store и добијте пристап до каде било, во кое било време.