Што се фолдерите и СПАМ?
Опција која е изготвена за деловни профили со цел полесно и побрзо класифицирање на потенцијалните вработени.
- Складирање на потенцијални кандидати за идни работни места
- Можност за последователно контактирање со потенцијалните кандидати
Секој работодавец има можност да ги прилагоди фолдерите според нивните потреби. Фолдерите можат да се поделат на две нивоа, т.е фолдери и подфолдери, со цел потранспарентно управување со базата на податоци на зачуваните корисници.
- СПАМ е список на корисници што сакате да ги означите врз основа на лошо искуство или друга специфична причина
- Кандидатот кој ќе го вметнете во СПАМ-листата ќе може да аплицира за вашите огласи, но ќе бидете известени за статусот што сте му го доделиле преку примените известувања.
- Секој деловен корисник создава и управува со своја СПАМ-листа