Правила на однесување
Главни упатства
- Не се толерира навредување и вознемирување на поединци или групи. Тоа подразбира расна, полова, верска, национална или било каква друга дискриминација.
- Податоците кои ги споделувате на PickJobs платформата мора да бидат вистинит и точни.
- Не дозволуваме откривање на личните податоци на други лица, објавување на нивната содржина без нивна согласност или поттикнување на другите на истото.
- Не дозволуваме содржини кои омаловажуваат, застрашуваат, поттикуваат омраза, закани со насилство или штетно делување против поединци или групи.
- Не дозволуваме закани со насилство врз поединци или групи на нашата платформа. Изјавите со намера на убиство или друго физичко насилство се забранети.
- Не им дозволуваме на поединците или групите промоција на насилство или криминални активности. Не можете да ги користите услугите на нашата платформа за изразување на поддршка за таквите поединци или групи.
- Не дозволуваме никакви терористички активности или организации или насилни, екстремни групи на нашата платформа ниту пак нивна промоција.
- Не дозволуваме графичка или друга содржина наменета за шокирање, заплашување или понижување на другите.
- Не дозволуваме содржини кои промовираат самоубиства или било каков вид на само-повредување.
Да ја одржиме нашата заедница силна!
- Секој од нас е важен член на PickJobs заедницата. Ако приметите кршење на нашите правила, ве молиме пријавете ја недозволената содржина. Контактирjате не
- Нашата екипа ќе ја провери секоја пријава и ќе ги превземе потребните мерки во најкус можен рок.
- Можете да наидете на содржина која не ви се допаѓа вам, но тоа не значи дека истата ги крши нашите правила. Ако се соочите со таква ситуација, можете да престанете да го следите деловен корисникот кој ја објавил спорната содржина.
- Според потребата, можеме да вклучиме и сила на законот, ако се потврди дека постои опасност за физички повреди или закани за јавната безбедност.
Ви благодариме за помошта при остварување на сигурна заедница. Вашата PickJobs екипа!